Казнет телохранителот на Меси зашто нападнал противнички фудбалери (Видео)

by

in

Организаторите на американскиот Лига куп – натпреварување во кое се натпреваруваат клубови од САД, Мексико и Канада – донесоа одлука за суспензија на телохранителот на Лионел Меси, Јасин Чеуко, поради негово непримерно однесување по завршувањето на натпреварот против Атлас, одигран во средата.

Според официјалните информации, Чеуко, кој редовно го следи Меси на натпреварите на Интер Мајами, физички ги оддалечувал фудбалерите на Атлас, не дозволувајќи им да му се доближат на аргентинската ѕвезда. Ваквото однесување е спротивно на протоколите на Лига купот, кои строго ги регулираат безбедносните мерки и пристапот на играчите по натпреварите.

Фото: Принтскрин