Ал Наср зема уште една ѕвезда од Англија – Фернандеш го напушта „Олд Трафорд“

by

in

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, би можел да направи голем трансфер ова лето, откако повторно се засили интересот од страна на саудискиот клуб Ал Наср.

Иако по завршувањето на минатата сезона португалскиот плејмејкер одлучно ја одби понудата од Ал Наср и изјави дека не е подготвен за преселба во Саудиска Арабија, ситуацијата во меѓувреме драстично се измени.

Според последните информации, Ал Наср подготвува астрономска понуда – плата од над 70 милиони евра по сезона, а не се исклучува можноста сумата да биде уште поголема. Во исто време, Манчестер Јунајтед би можел значително да профитира од трансферот, со очекувана отштета од најмалку 120 милиони евра.

Фото: Grok AI