Лош почеток за Вардар во Лозана – има негатива од три гола (Видео)

Фудбалерите на Вардар се соочуваат со сериозна негатива од 0-3 на гостувањето кај Лозана во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА и се пред елиминација од натпреварувањето.

Швајцарскиот тим доминираше во првото полувреме, а токму пред самиот крај на тој дел од натпреварот, напаѓачот Кали Сене го постигна својот втор гол на мечот, откако повторно му избега на Јанкулов и прецизно стрелаше за високи 3-0. Претходно, Сене го отвори резултатот со погодок по излез сам пред голманот, демонстрирајќи ја својата брзина и ефикасност во нападот.

Покрај двојниот стрелец Сене, во листата на стрелци се запиша и Ноа Дуисен, кој реализираше по прекин.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *