Ѓорческа не најде решение против расположената Стусек

by

in

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа несреќно беше елиминирана уште на стартот од меѓународниот турнир во Хехинген, Германија, откако по голема борба загуби од Германката Јулија Стусек со 1-2 во сетови (5-7, 6-2, 3-6).

Натпреварот започна одлично за Ѓорческа, која во првиот сет успеа да направи два брејка и да поведе со 5-2. Сепак, наместо да го затвори сетот во своја корист, таа дозволи противничката да се врати во игра и да направи неверојатен пресврт, освојувајќи пет последователни гема за конечни 7-5.

Во вториот сет, двете тенисерки повторно се мачеа на свој сервис, но Ѓорческа успеа да ја наметне својата игра и со агресивен настап на основната линија убедливо го доби сетот со 6-2.

Судијата падна во третиот сет, каде што Ѓорческа повторно поведе, овојпат со 2-0, но сценариото од првиот сет се повтори – Германката го подигна нивото на својата игра и со низа од шест добиени гема го реши натпреварот во своја корист со 6-3.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *