Македонската судијка Ивана Пројковска ќе испише историја вечерва, откако доби исклучителна чест од јужноамериканската фудбалска федерација КОНМЕБОЛ — да биде главен арбитар на едно од полуфиналните дербија на Копа Америка.
Пројковска ќе ја дели правдата на мечот меѓу фудбалските сили Аргентина и Колумбија, кој се игра вечерва во Квинто со почеток од 19 часот. Нејзини помошнички ќе бидат Џулиа Темпестили и Ирагарце Фернандез Есесумага.
Оваа назначување е резултат на партнерството меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, кое овозможува размена на судијки на најголемите континентални натпреварувања.
Како дел од таа соработка, и бразилската арбитерка Едина Алвес Батиста доби можност да суди на полуфинале од Европското првенство, додека Пројковска ја претставува Европа на Копа Америка.
Leave a Reply