Беса се откажа од настапот во Втората лига!

Eкипата на Беса во наредната сезона нема да биде дел од второлигашката конкуренција откако клубот објави дека се повлекува.

Беса во својата дебитантска сезона заврши на десетото место, а потоа во баражот за опстанок беше поразена од Башкими со 0-2 и така не успеа да го задржи прволигашкиот статус.

Набрзо по испаѓањето Беса објави дека се повлекува и ќе продолжи да функционира само со младинската школа за потоа да биде демантирано дека клубот ќе игра во Втората лига.

Сепак, сега од Добридол пристигна потврда дека клбуот дефинитивно се откажува од своето место во Втората лига.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *