Македонија по вторпат ѝ одржа лекција на Швајцарија

Кошаркарската репрезентација на Македонија повторно беше подобра од селекцијата на Швајцарија во вториот контролен натпревар одигран во Гевгелија, забележувајќи нова победа со резултат 65-52.

Иако Швајцарците имаа предност во првото полувреме, во вториот дел нашите кошаркари целосно го презедоа контролата и направија убедлив пресврт. Натпреварот беше прекинат нешто предвреме по заедничка согласност на селекторите, што често се практикува во пријателски натпревари од подготвителен карактер.

Најефикасен поединец во македонскиот состав беше Џејкоб Вајли, кој натпреварот го заврши со 12 поени.

Фото: КФСМ


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *