Милан спреми 35 милиони за играч со македонско потекло

Милан е спремен да испрати нова понуда за играчот од средината на терен на Бриж Ардон Јашари, кој беше избран за најдобар играч во белгиското првенство за минатата сезона.

Како што е познато, првите две понуди на “росонерите” за 22-годишниот Швајцарец со македонско потекло беа одбиени.

Сега Милан е спремен да испрати понуда од 35 милиони евра плус бонуси, што се приближува до сумата која ја бара Бриж.

Јашари е трансфер цел број еден на „росонерите“ за засилување на средниот ред ова лето.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *