Вардар ја победи Лозана во Скопје

Фудбалерите на Вардар славеа минимална победа против швајцарската Лозана, во меч од Конференциската лига.

Црвено-црните апсолутно го контролираа натпреварот во првото полувреме, играчите на Лозана не упатија ниту еден удар кон голот на Талески. Во финишот на првиот дел Мато погоди за водство од 1:0.

Во вториот дел гостите тргнаа многу по офанзивни кон голот на Вардар, па со убавиот гол на Диаките израмнија на 1:1.

Во 78.минута по една мешаница пред голот најдобро се снајде Омерагиќ кој го постави конечниот резултат.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *