Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и формално стана нов член на рускиот кошаркарски клуб Зенит од Санкт Петербург.
Димитријевиќ стави потпис на двегодишен договор со амбициозниот руски колектив, со што става крај на кратката етапа во италијанскиот прволигаш Олимпија Милано.
Со новиот ангажман, Нено се враќа во добро позната средина – ВТБ лигата, каде што веќе настапуваше со голем успех во дресот на Уникс Казан.
Фото: Принтскрин
Leave a Reply