Челси подготвувал „кражба на векот“, но фудбалерот потпишал за големиот ривал

Според најновите информации на британскиот весник Daily Mail, Челси направил сериозен обид да го „украде“ трансферот на Брајан Мбеумо во последните две недели, но фудбалерот на Брентфорд имал јасна визија – тој сакал само Манчестер Јунајтед!

Лондонскиот клуб, познат по агресивниот пристап на трансфер-пазарот, се обидел да влезе во трката за брзоногиот Камерунец, нудејќи атрактивни услови и брза реализација на договорот. Сепак, Мбеумо бил решен – неговата желба била да заигра на „Олд Трафорд“ и да биде дел од новата ера на „црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед веќе потпиша договор со Мбеумо, кој во последните сезони беше еден од клучните играчи на Брентфорд.

Фото: Grok AI


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *