Шкендија ги дозна потенцијалните ривали во третото квалификациско коло на ЛШ (Фото)

Денеска беше извршена ждрепката за третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, при што македонскиот првак Шкендија доби преглед на можниот следен предизвик на патот кон групната фаза. Но, пред да размислува за тоа, тимот од Тетово најпрво мора да го совлада реномираниот ривал – ФЦСБ.

Доколку Шкендија успее да излезе како победник од тој двомеч, во следната рунда ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу ирскиот Шелбурн и азербејџанскиот Карабах – екипа со значително европско искуство, што дополнително ја зголемува тежината на предизвикот.

Првите средби од третото квалификациско коло ќе се одиграат на 5 и 6 август, додека реваншите се закажани за 12 август.

Фото: KF Shkëndija


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *