Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Џуд Белингам нема да му биде на располагање на тренерот Чаби Алонсо подолг период.
Англискиот репрезентативец се реши за хируршка интервенција за да се ослободи од проблемот со рамото, поради кое трпеше болки речиси две години.
Белингам објави фотографија од болница и им се заблагодари на сите кои биле покрај него за време на операцијата, по која го чека пауза од 10 до 12 недели.
Фото: Принтскрин
Leave a Reply