Силекс победи, но се прости од Европа

Фудбалерите на Силекс славеа во Скопје со 2-1 против Дечиќ, меѓутоа овој триумф не беше доволен да се изборат за мето во второто коло.

Гостите на почетокот од натпреварот ја казнија двојната грешка на Силекс, прво киксот на средина на теренот, а потоа и лошата реакција на голманот Џеков за водство за Дечиќ од 1:0 во 3.минута.

Силекс напаѓаше и дојде до израмнување во 28-та минута преку Алиќ, па со тој резултат се замина на пауза.

Вториот дел помина комплетно во иницијатива на македонскиот претставник, но голот кој го постигна Хрвановиќ во 80-тата минута не беше доволен за следно коло.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *