Манчестер Јунајтед тргнува по Шешко

Една од лигите каде што секогаш е најинтересно да се следат трансфер приказните е англиската Премиер лига.

Голема заинтересираност за 22-годишниот словенски напаѓач покажаа Арсенал и Њукасл Јунајтед, но сепак ниеден англиски клуб се уште не испратил официјална понуда. 

Сега Манчестер Јунајтед сериозно се вклучи во трката за Шешко и сака да ја победи конкуренцијата.

Досега за германскиот клуб постигнал 39 голови во 87 настапи, а за словенската репрезентација има 41 настап и постигнато 16 голови.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да испратат понуда од 70 милиони евра за Словенецот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *