Се „тресе“ Англија: Агентот на Ѓокереш пристигна да потпише договор

Според последните информации од англиските медиуми, претставникот на шведскиот напаѓач е веќе во Лондон каде се финализираат деталите околу трансферот кој се очекува да биде официјално потврден во секој момент. Фразата „Here we go!“ на Фабрицио Романо е само на чекор од објава, што јасно укажува дека договорот е практично завршен.

Ѓокереш имаше јасна желба од самиот почеток да потпише за Арсенал, иако имаше и други богати понуди, меѓутоа се реши за тимот од Лондон.

Формата на Ѓокереш во португалскиот шампионат беше феноменална – со голови и асистенции го привлече вниманието на најголемите европски клубови. Сега, трансферот изгледа неизбежен, а официјалната потврда се очекува наскоро.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *