Најубавата приказна: Пред 336 часа беше фудбалер на Брајтон, а сега е светски шампион

Фудбалерот на Брајтон, Жоао Педро, само пред две недели уживаше на одмор, чекајќи да се расчисти неговата иднина.

Без конкретна насока и со неизвесност околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата, никој не очекуваше дека токму тој ќе биде едно од најголемите изненадувања на Светското клупско првенство.

Денес, истиот тој Жоао Педро е херој – со три постигнати голови на само два натпревари, тој одигра клучна улога во освојувањето на светската титула со својот клуб.

Неговата експлозивна форма, брзина и инстинкт за гол ја освоија публиката, а неговото име сега е во фокусот на европските медиуми и клубови.

Фото: Принтскрин