Oфицијално: Енис Барди промовиран во новиот клуб!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, има нов клуб – од денеска и официјално е играч на турскиот Коњаспор. Македонскиот интернационалец потпиша договор на две години со клубот од Суперлигата, со што се потврдија најавите од турските медиуми.

„Коњаспор потпиша двегодишен договор со македонскиот репрезентативец Енис Барди“, стои во официјалното соопштение на клубот.

Барди ќе го носи дресот со број 10 и од него се очекува да биде еден од носителите на играта во средниот ред на турскиот прволигаш.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *