Фриц беше „лесен залак“: Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон

by

in

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше со 3-1 во сетови против Тејлор Фриц во полуфиналето на Вимблдон.

Алкараз го освои првиот сет со 6-4 за 36 минути, по што во следниот Американецот возврати со 7-5. Борбата продолжи во третиот сет каде што Шпанецот ја контролираше играта и славеше со 6-3.

Четвртиот сет понуди најголеми возбудувања, а воедно и најмногу траеше затоа што победникот беше решен во тај-брејк. Алкараз повторно беше подобар и тоа со 8-6 во тај-брејкот и се пласира во финале.

Алкараз во финале ќе се бори против победникот од мечот меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *