Англискиот клуб Нотингем Форест сериозно размислува да поднесе официјална жалба до Премиер лигата, поради наводно нерегуларниот начин на кој Тотенхем го реализирал трансферот на Морган Гибс-Вајт, пренесува „Sky Sports“.
Според извештаите, Форест тврди дека Спарс направиле нелегален пристап кон фудбалерот, односно воспоставиле контакт без дозвола од клубот — што е спротивно на правилата на Премиер лигата. Поради тоа, Нотингем веќе ангажира правен тим и разгледува можност за правна постапка против лондонскиот клуб.
Раководството на Форест верува дека ваквото однесување не само што го нарушува фер-плејот, туку претставува и сериозен преседан што може да влијае врз трансфер-пазарот во иднина.
Фото: Принтскрин
Leave a Reply