Проблеми за Реал Мадрид: Белингам оди на операција и ќе паузира неколку месеци

Англискиот фудбалски репрезентативец Џуд Белингем ќе биде надвор од терените во наредните три до четири месеци, откако беше донесена конечна одлука – ќе мора да биде подложен на хируршка интервенција.

Според информациите од блиски извори до клубот, лекарскиот тим реши дека операцијата е неопходна за целосно решавање на проблемот со повредата која Белингем ја влече подолг период.

Иако се надеваа на конзервативен пристап и постепено заздравување, состојбата не се подобрувала доволно, што доведе до оваа непопуларна, но нужната одлука.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *