Македонија напредуваше на ФИФА ранг листата

Добрата форма на македонската фудбалска донесе скок на најновата ФИФА ранг-листа нашите фудбалери напредуваа за пет позиции и сега се наоѓаат на 62. место.

Овој напредок доаѓа како резултат на позитивните настапи во изминатиот период, со што зад себе ги оставивме селекциите на Албанија, Јордан, Грузија, Буркина Фасо и Обединетите Арапски Емирати.

Следната шанса за дополнителен напредок ќе биде дуелот со Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство, каде што избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе имаат можност да го потврдат добриот моментум.

На врвот на листата нема изненадувања – Аргентина и натаму суверено води пред Шпанија, Франција, Англија и Бразил.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *