Фудбалерите на Вардар вечерва го играат првиот натпреваар во европски рамки по пауза од цели седум години, а противник е тимот од Сан Марино, Ла Фиорита.
Успеа Вардар минатата сезона по финансиската консолидација да се избори за место во европските квалификации и сега ќе се обиде да направи успех.
Прва пречка е Ла Фиорита и ждребот за вардарци може да се каже дека беше добар со оглед на тоа што беа во групата неносители. Во тимот предводен од Гоце Седлоски од клупата ја прифаќаат фаворитската улога, меѓутоа и порачаа дека истата ќе мора да ја оправдаат на терен.
„Одработивме добри подготовки во овие месец дена, дома и во Словенија, каде добро се подготвивме. Иако ни недостасуваа некои од странците, сите сме максимално спремни. Вардар нема играно во Европа подолго време. Знаеме каков ривал не очекува, но ние се гледаме самите себе, респект за ривалот, но јас сум фокусиран само на моите играчи. Се надевам дека ќе одиграме квалитетен натпревар и дека ќе забележиме победа. Во денешниот фудбал нема фаворити, затоа ќе бидеме внимателни. Ланската година Ла Фиорита исфрли ривал од Белорусија. Најважно ми е екипата да ми влезе онака како што јас барам, без опуштање. Ова е само прво полувреме, мора да бидеме концентрирани, максимално професионално, најважно ми е ние како ќе одиграме. За седум дена имаме и реванш. Ги анализиравме колку што можевме, видовме и добри работи и лоши работи од нив. Најважно ми е мојата екипа да влезе во мечот како што треба“, изјави Седлоски на вчерашната прес-конференција.
Напреварот е закажан за во терминот од 20:30 часот на Арената „Тодор Проески“.
Leave a Reply