Работнички ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Торпедо Белаз

by

in

Екипата на Работнички од денеска ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот против Торпедо Белаз кој е закажан за 17 јули на арената „Тодор Проески“, првиот натпревар во Белорусија се игра утре.

Продажбата на билетите се одвива онлајна преку платформата на МКТикетс (ТУКА).

„ФК Работнички преку онлајн мрежата на МКТикетс ги пушти во продажба билетите за реваншот против Торпедо-Белаз. Отворена е Северната трибина, а билетите по цена од 200 денари можат да се купат на следниот линк…“, соопштија од клубот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *