Флуминенсе и Челзи во полуфиналето на Светското клубско првенство

by

in

Бразилскиот фудбалски клуб Флуминенсе и англиски Челзи се првите учеснци во полуфиналната фаза на Светското клупско првенство што се одржува во САД.

Флуминенсе на стадионот во Орландо триумфираше над Ал Хилал од Саудиска Арабија со резултат 2:1 (1:0).

Бразилците водеа по првиот дел со 1:0, првиот погодок беше дело на Матеус Мартинели во 40 минута.

Саудијците успеаја да израмнат во 51 минута преку Маркос Леонардо, а конечниот епилог го постави Херкулес во 70 минута.

Челзи во драматично четвртинале го победи бразилски Палмеирас со 2-1.

Иако натпреварот беше исклучително напнат и двата тима имаа шанси за дополнителни голови, конечниот исход го донесе автоголот на аргентинскиот десен бек Агустин Џај во 83-тата минута. Вечерва се играат полуфиналните натпревари ПСЖ – Баерн и Реал Мадрид – Борусија Дортмунд.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *