Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во Базел

by

in

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна посета на седиштето на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) во Базел, Швајцарија.

Делегацијата ја предводеа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, и генералниот секретар Влатко Тасевски, кои остварија конструктивна средба со претседателот на ИХФ, д-р Хасан Мустафа, како и со други високи претставници на меѓународната ракометна организација.

Во фокусот на разговорите беше продлабочување на соработката помеѓу македонската и меѓународната федерација, а беа презентирани и неколку клучни иницијативи. Меѓу нив, РФМ официјално поднесе апликации за организација на идни светски првенства, со цел Македонија повторно да биде домаќин на големи ракометни настани.

Фото: РФМ


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *