Дарко Ѓукиќ е најново засилување за Охрид

Српскиот ракометен интернационалец Дарко Ѓукиќ и официјално стана дел од тимот на РК Охрид, потпишувајќи договор со кој ќе го носи охридскиот дрес во наредните две сезони.

Ѓукиќ се враќа во македонскиот ракомет по неколку години настапи во странство, а минатата сезона ја мина во романскиот Динамо Букурешт. Со неговото пристигнување, Охрид добива проверен десен бек со богато меѓународно искуство и репрезентативен квалитет.

„Голем поздрав до сите навивачи на Охрид. Среќен сум што ќе бидам дел од овој клуб во следните две години. Ќе дадеме сè од себе на теренот и ќе се бориме за честа на клубот и градот“, порача Ѓукиќ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *