Македонец со четири гола на еден натпревар блесна во САД (Видео)

Милан Илиоски, напаѓачот на Сан Диего со македонски корени, се најде во центарот на вниманието на американските спортски медиуми откако постигна дури четири гола на последниот натпревар. Во време кога спортската јавност во САД е фокусирана на Светското клупско првенство, Илиоски направи вистински подвиг на гостувањето кај Ванкувер, каде што беше клучен во триумфот на својот тим со 5-3.

Со четири од петте погодоци кои ги постигна на тој меч, 25-годишниот напаѓач заслужено беше избран за најдобар играч на натпреварот. Посебно импресивен беше неговиот хет-трик кој го постигна за само девет минути.

Роден во Ескондидо, Калифорнија, Илиоски потекнува од македонско семејство, а како што досега нема официјален настап за ниедна репрезентација, не е исклучена можноста во иднина да го видиме во дресот на македонската селекција.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *