Дориев избран во идеалниот тим на колото во Узбекистан (Фото)

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува со одличните настапи во узбекистанската фудбалска лига, каде што го носи дресот на Согдиана.

Минатата недела, тој се запиша меѓу стрелците на натпреварот против екипата на Хоразм Урганч, обезбедувајќи ѝ важна победа од 1:0 на својата екипа.

Голот дојде во 84. минута, кога Дориев со прецизен удар ја затресе противничката мрежа и ги донесе трите бода за Согдиана. Оваа клучна интервенција не само што беше од големо значење за тимот, туку и му донесе признание на македонскиот офанзивец – тој беше вклучен во идеалниот тим на колото во Узбекистан.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *