Роналдо и Ал Наср повторно менуваат тренер

Кристиано Роналдо остана без тренер, откако Ал-Наср на своите социјални мрежи објави дека се раздели со Стефано Пиоли.

„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.

Поранешниот тренер на Милан, Фиорентина, Интер, Лацио, Болоња, Верона, Сасуоло, Парма и други, седна на клупата на клубот од Саудиска Арабија во септември минатата година, но сепак не успеа да ги оствари клупските амбиции, да дојде барем до еден трофеј во сезоната.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *