Познато кога се враќа Барселона на „Камп Ноу“ (Видео)

Барселона по две години пауза се подготвува конечно да се врати на „Камп Ноу“ кој е под реконструкција.

Враќањето е планирано за ова лето, а клубот веќе доби зелено светло таму да го одигра традиционалниот натпревар „Трофеј Жоан Гампер“, со кој официјално се претставува тимот за новата сезона.

Според најавите, мечот ќе се одигра на 10 август, а иако официјално противникот сè уште не е потврден, најсериозен кандидат е италијанскиот клуб Комо, каде што тренер е поранешната ѕвезда на Барса, Цеск Фабрегас.

И покрај радосното враќање, реконструкцијата на Камп Ноу сè уште не е целосно завршена. На стартот од новата сезона, капацитетот на стадионот ќе биде ограничен – дозволен ќе биде пристап за максимум 25.000 гледачи. Клубот најави дека во наредниот период ќе информира за фазите на проширување на капацитетот, додека се очекува сите градежни зафати, вклучително и поставувањето на новиот покрив – кој е еден од најсложените елементи во проектот – да бидат завршени до летото 2026 година.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *