Ѓорѓиевски дебитира со гол за Клуж во триумфот против Слован

Марко Ѓорѓиевски со идеален старт во дресот на Клуж – македонскиот фудбалер го имаше своето деби за романскиот тим во контролен натпревар против Слован Братислава и веднаш се впиша меѓу стрелците, придонесувајќи за победата од 4-2.

Натпреварот започна со рана иницијатива на Клуж, која резултираше со гол на Постолачи во 11. минута. Сепак, словачкиот тим одговори преку Толиќ, кој во 30. минута изедначи на 1-1. Веднаш потоа, Паун повторно донесе водство за Клуж, а вториот гол на Постолачи го постави резултатот на 3-1.

Во завршницата, Слован се врати во игра со погодок од пенал преку Стрелец, но во последните моменти од натпреварот, токму Ѓорѓиевски стави печат на својот прв настап – погоди во 92. минута и ги потврди трите гола разлика во корист на Клуж.

Фото: Принтскрин