Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми е нов фудбалер на унгарскиот прволигаш Ујпешт.
Тој го раскина договорот со Динамо Загреб и одлучи да ја прифати понудата на Ујпешт, каде ќе соработува со својот поранешен тренер Дамир Крзнар.
“Тој е вистински лидер кој е способен за сè на теренот за да победи. Тој е исклучително скромен, совршено знае што сакам да видам во играта и ќе ми биде од огромна помош во обидот сите да можат да видат спектакуларен Ујпешт оваа сезона“, изјави Дамир Крзнар за Адеми.
Leave a Reply