Струга има нов тренер!

Поранешниот македонски фудбалски шампион, екипата на Струга Трим Љум, денеска го официјализираше назначувањето на новиот шеф на стручниот штаб. Станува збор за Албанецот Бледи Шкемби, кој ќе го наследи Илчо Ѓорѓиоски на клупата.

Станува збор за стратег со богато фудбалско досие. Како играч, Шкемби беше препознатлив лидер на славната генерација на Скендербеу, која доминираше во албанскиот фудбал и шест пати се искачи на шампионскиот трон. Тој е дел и од историјата на клубот во Лига Европа, со настапи во групната фаза. Тренерската кариера ја гради со ангажмани во неколку познати имиња од албанското и косовското првенство – Тирана, Теута, Динамо Сити, Лирија, Балкани – а работел и со младите репрезентации на Албанија (У17 и У19).

Со тимот од Струга потпиша договор на две години, со опција за продолжување на уште една сезона

Фото: FC Struga


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *