Поранешен стратег на Милан ќе го тренира Роналдо во Ал-Наср!?

Португалскиот стратег Сержо Консеисао би можел да ја продолжи својата тренерска кариера на Блискиот Исток, откако се појавија информации дека е сериозен кандидат за нов предводник на Ал Наср од Саудиска Арабија.

Ал Наср остана без тренер по заминувањето на Стефано Пиоли, кој по завршувањето на сезоната се врати во Италија и го презеде кормилото на Фиорентина. Саудискиот клуб интензивно работи на избор на соодветен наследник, а Консеисао, кој неодамна ја напушти тренерската позиција во Милан, е меѓу водечките опции.

Иако со „росонерите“ успеа да го освои Суперкупот на Италија, Консеисао не ја оправда целосно довербата. Милан беше елиминиран во финалето на Купот, а слабиот настап во Серија А доведе до негово предвремено заминување од клупата.

Според информациите на италијанскиот новинар Николо Шира, Ал Наср му понудил договор до 2027 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *