Меси со мајсторија од слободен удар го сруши Порто (Видео)

Интер Мајами продолжува со одличните настапи на Светското клупско првенство, совладувајќи го португалскиот Порто со 2-1 во натпревар од второто коло, а клучен човек во пресвртот беше аргентинската фудбалска икона Лионел Меси.

Порто поведе рано во мечот – уште во 8. минута, кога реализираше пенал и стекна предност. Сепак, тимот од САД не дозволи да падне психолошки, па во вториот дел целосно ја презеде иницијативата и го сврте резултатот во своја корист.

Израмнувањето го донесе Сеговиа во 47. минута, кога се снајде најдобро по една мешаница во шеснаесетникот. Само седум минути подоцна, сцената ја презеде Меси – со перфектно изведен слободен удар во 54. минута ја затресе мрежата и ја донесе победата за својот тим.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *