Додека сè уште трае неизвесноста околу неговата клупска иднина, македонскиот репрезентативец Александар Трајковски се појави во емисија на италијанската телевизија „Спорт Италија“, каде што ја коментираше актуелната фудбалска тема – изборот на Џенаро Гатузо за нов селектор на италијанската репрезентација.
Трајковски, кој во текот на минатата сезона соработуваше со Гатузо во Хајдук Сплит, изрази задоволство од одлуката на Италијанската фудбалска федерација.
„Многу сум среќен за Гатузо. Верувам дека тој е одличен избор за италијанската селекција. Го познавам добро, знам како работи и колку е посветен. Мислам дека ќе внесе енергија и дисциплина во тимот,“ истакна Трајковски.
Фото: Принтскрин
Leave a Reply