Шкендија ги дозна можните противници во квалификациите од Лигата на шампионите

Денеска со почеток од 14 часот, во Нион ќе се одржи ждрепката за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, во кое меѓу учесниците ќе биде и македонскиот првак Шкендија.

Како што е пракса пред самата ждрепка, УЕФА ги намали можните противници. Тоа значи дека Шкендија ќе добие еден од следниве противници: Малме (Шведска), Жалгирис (Литванија), РФС (Летонија), Купс (Финска) или ТНС (Велс).

Дуелите од првата квалификациска рунда се закажани за 8 и 9 јули (први натпревари), додека реваншите ќе се одиграат на 15 и 16 јули.