Денеска од 16 часот, во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, ќе се одржи ждрепката за првото квалификациско коло од Конференциската лига, каде што своите противници ќе ги дознаат и трите македонски претставници – Вардар, Силекс и Работнички.
Како што е веќе вообичаено, УЕФА пред ждрепката ги стесни можностите и ги групираше тимовите според рангирањето. Сите три македонски клубови ќе влезат во ждрепката како неносители, што значи дека ќе имаат потенцијално потешки противници.
Вардар се најде во групата број 3, а можно е да се соочи со некој од следниве тимови: Дуделанж (Луксембург), Копер (Словенија), Сутјеска (Црна Гора) или Ла Фиорита (Сан Марино).
Силекс е дел од група 2, каде како потенцијални ривали се издвојуваат: Петрокуб (Молдавија), Ордабаси (Казахстан), Дечиќ (Црна Гора) и Урату (Ерменија).
Работнички, пак, ќе го чека исходот од ждрепката во група 6, каде можни противници се: Дила Гори (Грузија), Пјуник (Ерменија), Торпедо-Белаз (Белорусија) и Борац Бања Лука (Босна и Херцеговина).
Првите мечеви од оваа рунда се закажани за 10 јули, додека реваншите ќе се играат една недела подоцна, на 17 јули.
Leave a Reply