Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Освојувачот на Купот, Вардар, ќе се сретне со Ла Фиорита од Сан Марино, еден од најпосакуваните тимови на ждребот.
Силекс, како вицешампион, доби малку потежок предизвик во името на Дечиќ од Црна Гора, додека Работнички доби противник од Белорусија, фудбалскиот клуб Торпедо.
Бидејќи не беа носители, македонските тимови, првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.
Leave a Reply