Тежок пораз за младите ракометари на Пелистер од ГОГ

Младинскиот тим на Пелистер доживеа убедлив пораз во полуфиналето од Фајнал-фор турнирот на Лигата на шампионите за млади, кој се одржува во Келн. Битолчани беа совладани од данскиот претставник ГОГ со високи 36-21, со што ги загубија шансите за пласман во големото финале.

Пелистерци отпатуваа во Германија со голем ентузијазам и надежи дека ќе ја изненадат европската ракометна јавност, но реалноста на теренот беше поинаква. Иако натпреварот започна изедначено, а македонскиот тим успешно парираше во првите десетина минути, ГОГ брзо наметна силно темпо и го презеде контролата врз играта.

До крајот на првото полувреме, данскиот тим веќе водеше со 17-12, а во вториот дел предноста само се зголемуваше. Пелистер немаше одговор на агресивната и организирана игра на противникот, кој безмилосно ја полнеше нивната мрежа.

Овој пораз од 15 голови разлика е разочарувачки за младите битолчани, но пред нив останува утеха – борбата за третото место.

Фото: Facebook/RK Eurofarm Pelister


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *