Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати каде потпиша двегодишен договор со клубот Ајман.
Добрите игри на дефанзивецот во националниот тим на Македонија и во првенството на Романија досега беа одлична препорака за раководството на Ајман да му понуди богат договор.
Триесетгодишниот македонски репрезентативен стопер го носеше дресот на романскиот клуб изминатите три сезони во кои одигра 59 натпревари за клубот од Крајова.
Leave a Reply