Марк Андре тер-Штеген и Барселона полека, но сигурно влегуваат во „војната“. Германецот нема намера да ја напушти Каталонија, а и доколку го стори тоа ќе се обиде добро да го наплати.
Каталонските медуми, тврдат дека единствениот начин да се согласи на раскинување на договорот е Барселона да му ја исплати целата плата според договорот до 2028 година, што е дури 42 милиони евра.
Јасно е дека Барселона нема да прифати ваков вид уцена, а спортскиот директор Деко ќе се обиде да најде идеално решение за сите страни, што сигурно нема да биде лесно.
Огромната плата на Тер-Штеген е проблем за сите освен за клубовите од Саудиска Арабија, но Германецот одбива да ја напушти Европа бидејќи планира да се натпреварува на највисоко ниво до Светското првенство во 2026 година кога конечно ќе биде број 1 во националниот тим.
Тер-Штеген го сака Галатасарај, кој во моментов е најконкретен, Милан го контактираше, но засега тој се откажа поради превисоката плата, додека интересот на Манчестер јунајтед во моментов е нејасен.
Во случај Тер-Штеген да стане слободен, односно на крајот да се согласи да го раскине договорот, јасно е дека тогаш ќе има интерес од сите страни.
Leave a Reply