Македонската репрезентација во првото коло од Дејвис купот Трета Европска зона стартуваше со максимална победа од 3:0 против Малта.
По двата сингл триумфа на Берк Бугариќ и на Стефан Мицов и македонската комбинација Бугариќ, Амар Хусеиновиќ со 2-0 во сетови ги совлада ривалите Лиам Деликата и Страхиња Ѓукиќ со 64 и 76(3) во сетови.
Триумфот има поголема тежина ако се знае дека поради повреда нашиот најдобар играч Калин Ивановски денеска не беше во можност да игра.
Leave a Reply