Виландер: Алкараз и Синер играат подобро и од „Големата тројка“

by

in

Легендарната „Голема тројка“ во тенисот, составена од Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, доминираше на терените со освоени бројни титули, но според тениската икона Матс Виландер, нивните наследници, Карлос Алкараз и Јаник Синер, веќе го носат спортот на ново ниво.

По возбудливото финале на Ролан Гарос, во кое Алкараз го победи Синер со 3-2 во сетови, Виландер не штедеше пофалби за младите тенисери.

„Интензитетот и квалитетот на нивната игра се извонредни. Никогаш не очекував дека по ерата на Федерер, Надал и Ѓоковиќ ќе гледаме вакво ривалство. Алкараз и Синер не само што играат побрз тенис, туку го подигнуваат нивото на натпреварување на начин што е фасцинантен за гледање“, изјави Виландер.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *