РФМ му изрече опомена на Лазаров за црвениот картон со Пелистер (Видео)

by

in

Тренерот на Алкалоид и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, доби црвен картон на дерби натпреварот против Пелистер, што предизвика бурна реакција на клупата.

Видливо вознемирен од одлуката на судиите, Лазаров влезе во вербална расправија со арбитрите, по што интервенираа неговите ракометари.

Инцидентот се случи во 41. минута од натпреварот во салата „Автокоманда“, а денеска Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја објави својата одлука – Лазаров доби официјална опомена за своето однесување.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *