ГРК Охрид го претстави новото засилување за следната сезона, во своите редови го доведоа српскиот ракометар Стефан Петриќ. Левиот бек, кој има 24 години и висина од 197 сантиметри, ќе го носи дресот на охридскиот тим во сезоната 2025/2026.
Петриќ доаѓа од редовите на Вардар, каде што настапуваше изминатите две сезони. Пред трансферот во Македонија, тој беше лидер во својот матичен клуб Партизан, а има и богато искуство во младинските селекции на репрезентацијата на Србија.
Со ангажманот на Петриќ, познат по борбеноста и силниот шут, „гладијаторите“ јасно ставаат до знаење дека имаат високи амбиции за наредната сезона.
Leave a Reply