Млад голман од Тетекс го засили Вардар

by

in

Екипата на Вардар денеска официјално го претстави новото засилување на голманската позиција, Или Зибери, млад и талентиран чувар на мрежата кој доаѓа од редовите на Тетекс.

Зибери фудбалскиот пат го започна во Вардар Форино, каде ги направи првите чекори во својата кариера, а потоа беше дел и од Шкендија. Последната сезона ја мина во Тетекс, каде што со одличните настапи го привлече вниманието на „црвено-црните“. Зибери е и репрезентативец во младинските селекции на Македонија.

Оваа активација на трансфер-пазарот доаѓа во време кога Вардар се подготвува за летни промени. Како што претходно беше најавено од клубот, Филип Гачевски се наоѓа на трансфер-листа и се очекува да го напушти клубот во претстојниот преоден рок.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *