Ал Наср му го претстави планот на Роналдо – се чека „зелено светло“ од Португалецот

by

in

Саудискиот клуб Ал Наср му претставил нов план на Кристијано Роналдо со цел да постигне договор за продолжување на соработката.

Раководството на клубот е подготвено да направи значајни промени во тимот, со надеж дека португалската ѕвезда ќе даде зелено светло и ќе потпише нов договор за продолжување на својата авантура во Саудиска Арабија.

Роналдо, кој стана лидер и најголема атракција на Ал Наср откако пристигна во клубот, е клучен дел од идните планови на управата.

Во обид да го убедат да остане, Ал Наср активно работи на засилувања – на листата на летни трансфер-мети се наоѓаат имиња како Луис Диаз од Ливерпул, дефанзивецот Давид Ханцко, како и врвен играч од средниот ред чиј идентитет засега не се открива.

Фото: Принтскрин