Манчестер јунајтед го промовира првото засилување вредно 62,5 милиони фунти

by

in

Манчестер Јунајтед го комплетираше првото големо засилување за новата сезона, ангажирајќи го бразилскиот напаѓач Матеус Куња од Вулверхемптон за трансфер вреден 62,5 милиони фунти.

По неколкудневни шпекулации и сигнали дека трансферот е блиску до реализација, клубот од „Олд Трафорд“ денеска официјално потврди дека Куња ќе го облече дресот на „црвените ѓаволи“.

Според објавата на социјалните мрежи, напаѓачот потпишал петгодишен договор со можност за продолжување, што покажува дека раководството сериозно смета на неговите услуги во долгорочните планови на клубот.

Фото: Принтскрин